„Адмирал Григорович“ плови кон Сирија
Фрегатата „Адмирал Григорович“ исплови од Севастопол и се упати кон бреговите на Сирија, изјави извор во безбедносните структури на Крим.
Во каква состојба е руската флота?
„Во првата половина на денот (вторник, 28 февруари) фрегатата ќе ги помине теснеците, до вечерта веќе ќе биде во составот на руската бродска група. Екипажот на бродот е подготвен, ги помина сите потребни проверки и е подготвен во целосна мера да ги извршува поставените задачи во далечна поморска зона“, соопшти изворот, пренесува „Лента.ру“.
„Адмирал Григорович“ веќе беше во мисија во источниот Медитеран во ноември-декември 2016 година. На 15 ноември тој изврши напад со крстосувачки ракети 3М14 врз објекти на милитантите во сириските провинци Хомс и Идлиб.
