Рубљата станува официјална парична единица во ЛНР
Соодветниот указ е објавен на сајтот на владата на самопрогласената ЛНР.
Пасошка дипломатија: Зошто Русија ги призна документите на ДНР и ЛНР?
„Се утврдува дека основна парична единица на територијата на Луганската народна република е руската рубља“, се вели во документот.
Се истакнува дека мерката е донесена со цел стабилизација на финансиско-монетарниот систем, како и во врска со реализација на трансакции на територијата на самопрогласената република првенствено во руски рубли.
Указот стапува на сила на 1 март, пренесува RT.
