Путин: преговорите во Астана се темел за средбата во Женева
„Тие преговори (за Сирија во Астана) завршија, при што развршија со резултат каков што никогаш немало. Односно, создаден е механизам за контрола на прекинот на огнот, а тоа, всушност, е најважниот фундамент кој даде можност за продолжување на женевските преговори“, изјави Путин на средбата со претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев.
Русија ѝ предаде на опозицијата проект за нов устав на Сирија
Путин му се заблагодари на Назарбаев за организацијата на меѓусириските преговори во Астана.
„Казахстанската страна одигра многу позитивна улога, и не само како домаќин, како организатор на тој настан, туку и влијаеше реално на позитивните резултатите на средбата во Астана“, потенцираше шефот на руската држава, пренесува РИА „Новости“.
