ВКС РФ и поморската авијација годинава ќе добијат 160 авиони и хеликоптери
„Вкупно околу 140 авиони и хеликоптери треба да пристигнат во ВКС оваа година. Плус уште и поморската авијација, според тоа, вкупно околу 160 единици нова техника“, изјави Бондарев во неделата.
МО РФ: Уделот на модерни тенкови во Копнените сили до 2020 ќе достигне 71%
Според зборовите на командантот на ВКС РФ, вкупната опременост со авијациска техника на единиците на ВКС Русија во моментов изнесува 100%, додека уделот на новата техника е околу 55%.
„Проблеми со испорака на техниката во моментов не гледам“, потенцираше Бондарев, пренесува „Интерфакс“.
