Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Февраль
2017

Три сценарија за руско-белоруските односи

0

Руско-белоруските односи повторно се заоструваат, и ова не е првпат. „Војните“ околу млекото, шеќерот, нафтата и другите производи во трговско-економската сфера помеѓу двете земји се редовна појава. Но, секој од овие конфликти досега успешно завршуваа со компромис.

Би се рекло дека и сега Минск и Москва како и секогаш се пазарат за парите што Белорусија ѝ ги должи на Русија за гасот, поради што Москва ја намали испораката на нафта за Минск.

Лукашенко ја обвинува Русија за прекршување на меѓународните договори

Но, битката околу нафтата и гасот неочекувано е продолжена во вид на долг список на забелешки што ги изнесе белорускиот претседател Александар Лукашенко. Некои негови забелешки не се карактеристични за сојузничките односи. Експертите веќе зборуваат за тоа дека по сè изгледа јазот помеѓу Москва и Минск само се продлабочува и без разлика на тоа како во иднина ќе се развиваат односите помеѓу двете земји, сега за нив ќе биде карактеристичен нов момент: Кремљ повеќе не ја покажува некогашната добродушност кон балансирањето на Лукашенко помеѓу Русија и Западот.

Прво сценарио: Повторно „помирување“

И покрај тоа што новите несогласувања се мошне длабоки, „помирувачкото“ сценарио и понатаму е најверојатна варијанта. Постои цел блок прашања за кои Минск сака и понатаму да има најмногу бенефиции, и поради тоа дејствува по шемата што ја применува речиси две децении. „Лукашенко поставува високи барања, потоа прави незначителни отстапки, и на крајот на краиштата добива поголем дел од она што го сака“, вели во интервју за „Руска реч на македонски“ Јуриј Коргуњук, либерално настроен раководител на одделението за политикологија на прозападната невладина организација „Индем“.

Постојат сериозни аргументи кои одат во прилог на ова сценарио. Еден од нив е нафтата со која Русија фактички донира во белоруската економија. Белорусија продаваше нафтени деривати на Западот и со тоа заработуваше на извоз на сметка на евтината руска нафта. Освен тоа, белоруската економија е прилично цврсто врзана за рускиот пазар (во 2015 година уделот на Русија во белорускиот промет на стоки изнесуваше 48.3%).

Русија воспостави погранична зона на границата со Белорусија

Голема е веројатноста дека Лукашенко навистина ќе се обиде да се врати на претходната состојба, се сложува Владимир Евсеев, раководител на одделението за евроазиска интеграција и развој на Шангајската организација за соработка (ШОС) на Институтот за проучување на Заедницата на независни држави. „Русија речиси секогаш правела отстапки во вакви спорни ситуации и Лукашенко е навикнат на тоа. Но, сè уште нема добро сфатено дека сега ситуацијата е променета. Минаа времињата кога нему му следуваше 'бесплатен појадок'“, вели за „Руска реч на македонски“ Евсеев, истакнувајќи дека овој пат Лукашенко очигледно претерал во шурувањето со Западот (на пример, одненадеж, и покрај договорот, тој одби да ја постави руската воздухопловна база на територијата на Белорусија).

За волја на вистината, Москва, исто така, нема многу избор. Принципот „нафта во замена за бакнеж“ не може да важи, така што цената на гасот за Белорусија веројатно ќе биде зголемена. „Но, Кремљ добро знае дека режимот на Лукашенко без овие дотации не може да функционира. Тој треба да се потхранува за Белорусија да не стане втора Украина“, смета Коргуњук.

Второ сценарио: Белорусија го избира Западот

Ова сценарио подразбира дека Лукашенко нема да се премисли, ами дека ќе се сврти кон Западот а тоа значи дека конфронтацијата со Русија ќе продолжи.

Во последно време ставот на Западот кон Белорусија забележливо омекна, истакнува во разговор со новинарот на „Руска реч на македонски“ Андреј Кортунов, генерален директор на Рускиот совет за меѓународни прашања. Западот привремено престана да го прикажува Лукашенко како „последен диктатор на Европа“. Сега европската политичка елита го третира белорускиот претседател како миротворец.

До што ќе доведе конфликтот помеѓу Русија и Белорусија?

Но, овој алтернативен пат е мошне скап, а не е ни многу приходен. Политичката поддршка е сè што може Белорусија да ѝ понуди на Европа, која е изморена од геополитичките конфликти во услови на ограничени ресурси. „Но таа поддршка не ѝ е потребна на Белорусија. Нејзе ѝ се потребни кредити што таа нема да ги добие и потребна ѝ е евтина нафта“, смета Евсеев.

Покрај тоа, на Лукашенко не му е укинат статусот „диктатот“. Овој статус сега не се истакнува во прв план, но секако повторно ќе дојде на дневен ред. Од друга страна, на Лукашенко не му лежи улогата на „enfant terrible“. Тој е сепак автократ, а Европа не игра според тие правила.

Билансот од ова сценарио во целина е мошне лош за Минск, сметаат експертите. Во суштина, тоа ќе биде политичко самоубиство на Лукашенко. Помошта на Европа ќе биде незначајна и Белорусија ќе се најде во незгодна позиција. Секако, без руска помош.

Трето сценарио: Смена на власта и нови односи со Русија

Ова е најневеројатниот исход. Тој е можен само доколку Белорусија најпрво се обиде да се интегрира во Европската Унија, и доколку ѝ бидат поставени неприфатливи услови. Тогаш раководството ќе се најде во „небрано“ и ќе биде принудено да замине, а ќе го замени оној што ќе ги прифати руските услови.

Кога станува збор за варијантата со присилно симнување на Лукашенко од власт, таа засега не изгледа како нешто реално: „Мајдан не се појавува самиот по себе без надворешно вмешување. Доколку се вмешаат САД, тогаш нема да има подобрување на руско-американските односи. На Европската Унија по Украина тоа исто така не ѝ е потребно“, сметаа Евсеев и додава дека и народот во Белорусија нема да се фати за оружје, зашто тоа оружје некој треба и да му го даде. „Политичкото поле таму е целосно изгазено. Воопшто не постои опозиција. Лукашенко нема кој да го замени. Според тоа, или Белорусија ќе биде со Лукашенко, или нема да биде со никого“, резимира Каргуњан.






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net