Сенатори на САД подготвија вето на укинувањето на санкциите против Русија
Група американски сенатори има намера да поднесе во среда, 8 февруари, предлог-закон кој ќе овозможи забрана за укинување на санкциите против Русија без одобрение на Конгресот.
Сенатори на САД сакаат да му забранат на Трамп укинување на санкциите
Како што соопштува Си-Ен-Ен, автори на подготвениот документ се група членови на Горниот дом предводени од сенаторите Линдзи Греем и Бен Кардин.
Според предлог-законот, доколку Вашингтон посака да ги укине санкциите против Русија, тогаш за почеток ќе биде потребно да му се достави на Конгресот соодветна аргументација. Во рок од 120 дена конгресмените самите ќе решат дали се согласуваат со претседателот или не.
Претходно беше соопштено дека група сенатори работи на предлог-закон кој ќе му забрани на претседателот на САД Доналд Трамп да ги укинува антируските санкции без одобрение на Конгресот, пренесува RT.
