Песков: Се надевам дека борците на ЛДНР имаат доволно муниција
„Ние не се занимаваме во Кремљ со броење муниција. Се надеваме дека ќе имаат доволно муниција за да одговараат на агресивните дејствија на вооружените сили на Украина“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето за можниот недостиг на муниција кај бунтовниците во Донбас, пренесува „Взгљад“.
Захарова го нарече гранатирањето на Донецк „варварски напад“
Претходно во средата Киев соопшти за борби по должината на целата линија на разграничување во Донбас.
Од неделата во регионот настана сериозно заострување на ситуацијата – украинските безбедносни сили преземаат обиди за пробив, ги гранатираат станбените реони и позициите на бунтовниците. Во четвртокот вечерта украинските безбедносни сили извршија масовно гранатирање на центарот на Донецк, при што загинаа две лица, а 13 беа ранети.
