Медиуми: Руските научници развија лек за наркозависност
Според весникот „Известија“, до 2023 година развиената молекула може да стане основа за првиот руски лек за зависност од дроги.
Се истакнува дека по внесувањето на лекот во крвта, организмот почнува да произведува антитела кои го спречуваат навлегувањето на опојните материи во мозокот, по што како резултат пациентот не добива задоволство од земената дрога.
„Постојните лекови можат да излекуваат само 10-30% од зависниците од дрога и имаат многу несакани ефекти. Нашиот лек е за антирецидивно лекување, за човекот по детоксикацијата да не почне одново да употребува дрога. Ако тој не чувствува задоволство, тогаш ќе се откаже од дрогата“, изјави раководителот на тимот за развој Марина Мјахкова.
Според неа, лекот може да се користите за спречување на стекнување зависност кај адолесцентите, пренесува РТ на руски.
Од дрога до Бога
