„Дејли Меил“: Тунгускиот метеорит е сѐ поголема мистерија
Руските експерти ја разнишаа теоријата за тоа дека експлозијата во Сибир, која имаше моќ како 185 Хирошими и која беше почувствувана во Велика Британија и САД, е предизвикана од пад на метеорит, пишува „Дејли Меил“.
Италијански научници мислеа дека езерото Чако е всушност кратерот на меторитот, но руски научници тврдат дека езерото „не е доволно младо“ и дека не може да биде кратер од оваа експлозија, се наведува во текстот.
12 нетипични руски туристички дестинации
Италијанските научници веќе 21 година го истражуваат таканаречениот Тунгуски феномен, тврдејќи дека слатководното езеро Чако е всушност кратерот од експлозијата и со тоа ја поткрепуваат својата теорија.
Но, руските геолози го проучија талогот од најдлабокиот дел на езерото и утврдија дека староста на земените примероци е околу 280 години, што значи дека езерото е постаро од експлозијата која се случи на 20 јуни 1908 година.
Руските научници не нудат никакво алтернативно објаснување, пишува весникот. Во минатото беа изнесувани различни теории: за ерупција на вулкан, за комета од мраз, за црна дупка која се судрила со Земјата, па дури и за вонземјани кои собориле метеорит за да ја спасат нашата планета.