Порошенко: Распадот на ЕУ би бил за мене трагедија
Претседателот на Украина Петро Порошенко би го примил евентуалниот распад на ЕУ ако трагедија. Ова Порошенко го изјави во текот на разговорот со финските медиуми на 25 јануари, соопштува прес-службата на шефот на украинската држава.
Путин: СССР не требаше да се растури
„Кој нема полза од постоењето на ЕУ? Франција чувствува полза, исто како и Германија и Велика Британија, и покрај Брегзитот. И Финска. А Русија ги насочува силите кон слабеење на ЕУ. Путин сака да ја поткопа довербата и да ја разедини ЕУ, вршејќи влијание на одделни држави“, тврди Порошенко.
Тој додаде дека е загрижен од настанатата ситуација во ЕУ.
„Велат дека Путин рекол дека за него распадот на Советскиот Сојуз е најголемата трагедија на 90-те. За мене би бил трагедија распадот на Европската унија“, изјави украинскиот претседател, пренесува порталот „Шариј.нет“.