Кремљ согласен со Трамп во оценката за НАТО
Москва го поддржува новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп во оценката за НАТО како застарена организација, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, пренесува „Лента.ру“.
4 сценарија за односите помеѓу РФ и НАТО во 2017
„Тоа е анахронизам, и ние се согласуваме со тоа. Тоа е организација чија системска цел е конфронтација“, изјави портпаролот на Кремљ.
Тој се сомнева дека НАТО претставува современа структура која „одговара на идеите за стабилност и безбедност“.
Претходно Трамп во интервју за весниците „Тајмс“ и „Билт“ наведе два проблема на НАТО. Прво, организацијата е застарена, а второ, нејзините земји-членки „повеќе не го плаќаат она што треба да го платат“, изјави републиканецот.