Кремљ ја коментираше иницијативата на Трамп за нуклеарен договор
„Во моментов никакви преговори во врска со ова не се водат“, изјави Песков за новинарите, одговарајќи на прашањето дали Русија ја разгледува можноста за намалување на нуклеарното оружје.
Трамп за можното укинување на санкциите против Русија
Тој истакна дека санкциите не се прашање на руската агенда како на домашен план, така и на планот на комуникацијата со странските партнери. Портпаролот на Кремљ изјави дека Москва „не беше иницијатор на овие рестрикции“ и нема намера „да го поставува прашањето за овие санкции во текот на странските контакти“.
На прашањето дали позицијата на Москва се менува во однос на намалувањето на нуклеарното оружје, Песков изјави дека ова прашање може да се дискутира само откако Трамп ќе стане претседател.
„Јас сега не би дискутирал за иницијативата. По стапувањето на должност на г-дин Трамп“, изјави Песков, пренесува РИА „Новости“.