Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Декабрь
2016

Зошто се урна Ту-154?

0

Авионот на Министерството за одбрана на РФ Ту-154 падна во Црно Море утринава на 1,5 километри од брегот за време на летот кој Сирија.

Информациите за патниците се разликуваат – во моментот се знае дека меѓу 92 патници биле 68 музичари на воениот ансамбл „А.В. Александров“, девет новинари и осум членови на екипажот. Припадниците на Министерството за вонредни состојби веќе пронашле тела на седуммина загинати.

Претседателот на РФ Владимир Путин му наложи на премиерот Дмитриј Медведев да формира државна комисија и лично да го следи развојот на истрагата.

Авион Ту-154 падна во Црното море

Според руските медиуми трагедијата се случила за време на искачувањето на авионот, иако екипажот не испраќал сигнали за несреќа.

Во моментов припадниците на Министерството за вонредни состојби и Истражниот комитет работат на местото на трагедијата. Специјалистите ја прегледуваат документацијата за летот, а исто така пристапиле и кон испрашување на раководните лица кои биле задолжени за летот, како и на техничкиот персонал на аеродромот. Засега експертите споменуваа три верзии за трагедијата.

1. Откажување на техниката

Според генералниот директор на Асоцијацијата за цивилна авијација „Аеропорт“ Виктор Горбачов, авионот можеби немал доволно сила за време на полетувањето.

„Сепак, нешто се случило со моторот. Засега не знаеме и тешко е да се предвиди: горивото, откажување на моторот... Најтешкиот момент, секако, е полетувањето на леталото. Едноставно немало доволно сила, брзина и авионот паднал“, вели експертот. Авионот е произведен во 1984 година. Последен пат бил ремонтиран во 2014 година, а плански поминал низ планска поправка во септември годинава. Сепак, според Горбачов, староста на авионот не претставува пречка.

„Во целиот свет летаат авиони кои се стари 30, 50, 60 години, па дури и постари. Тука тоа нема значење. Тој ги минал сите услови за летање“, додава експертот. Но, сите аналитичари не го делат неговото мислење. Според полковникот во пензија и воен експерт на ТАСС Виктор Литовкин, цивилната флота на руската армија не е во најдобра состојба, за разлика од борбената авијација.

Медведев на чело на комисијата за истрага на падот на Ту-154

„Основата на цивилните авиони на Министерството за одбрана на РФ е во најголем дел составена од Ту-154 од советска изработка, а поради распадот на авионската индустрија во деведесеттите години од минатиот век не се произведуваат никакви воено-транспортни патнички авиони за војниците“, вели експертот.

Како што забележува тој, Министерството за одбрана на РФ не може да купува странски цивилни авиони, а нема со што да бидат заменети Ту-154.

„По истрагата, воените лица ќе продолжат да летаат со овие авиони“, додава аналитичарот.

2. Грешка на пилотите

Како што соопштува Министерството за одбрана на РФ, со авионот Ту-154 управувал пилотот од прва класа Роман Волков со летви од повеќе од 3.000 часа.

„Екипажот на авионот е еден од најискусните. Тие неколку пати со истото летало ја исполнуваа улогата на лидер при прелетите на Су-30, Су-35 и Су-24 на Хмејмим“, соопштува за весникот Известија извор од воените структури. Сепак, аналитичарите изјавуваат дека истрагата ќе разгледуваат грешка на пилотите како една од основните причини за падот.

„Нити една верзија за трагедијата не се отстранува: започнувајќи од неквалитетно гориво и завршувајќи со терористички напад. Дури и грешка на пилотот, при која авионот нагло се искачувал, направил нагло вртење и со носот отишол надолу“, вели Литовкин.

3. Терористички напад

Низа експерти прават паралела помеѓу трагедијата на Ту-153 со падот на цивилниот авион Airbus 321-231 на 30 октомври 2015 година, кој леташе од Шарм ел Шејк за Санкт Петербург.

Експерти: бомбата ја поставил некој од персоналот на аеродромот

Пред една година терористите поставија бомба во опашката на авионот, каде се превезувал негабаритен багаж. 22 минути по летот, авионот се распадна во воздух и падна од височина од неколку илјади метри.

Овој пат трагедијата се случи седум минути по полетувањето.

„Во даденава ситуација метеоролошките услови беа едноставни, па доколку нешто се случило со моторот, тој едноставно ќе се завртел и ќе се спуштел кон аеродромот на крајбрежната зона. Тука станува збор за нагло паѓање, тоа се случува кога ќе се случи нешто непредвидено, кога нешто ќе експлодира, ќе се откачи. По правило, кај овие авиони може да се откачи само опашката“, изјави во програма за Комерсант FM мајорот на ВВС РФ, пилот-инструктор Андреј Красноперов.

Според него, во сите други ситуации пилотот можел едноставно да му соопшти на диспечерот за незгода и да вклучи сигнал. Едноставно тоа не се случило.

„Значи, се случило нешто непредвидено, нешто нагло во седмата минута од летот. Така што, за екипажот не можам да грешам, а техниката така нагло не се расипува [...] дури е пронајден човек кој настрадал од делови во крајбрежната зона. Тоа зборува дека деловите паднале на земјата без никаков ред, што укажува на тоа дека авионот експлодирал во воздух“, додава пилотот.






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net