Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Декабрь
2016

„Стратфор“:Зголемување на влијанието на РФ во Евроазија по изборот на Трамп

0

Се чини дека сега - три години по почетокот на кризата во економијата и влошувањето на односите со Западот, работите на Русија се подобруваат. „Брегзит“ летото оваа година покажа длабок јаз во Европската унија и даде надеж дека „отцепените членки“  ЕУ ќе ја блокираат одлуката за продолжување на санкциите. И покрај тоа што сите земји гласаа за рестриктивни мерки, претстојните избори во неколку европски земји можат да го поткопаат единството на Европската унија за ова прашање. Во меѓувреме, победата на Доналд Трамп на изборите во САД отвори пат за подобрување на односите со Москва, и веројатно, за укинување на санкциите, се вели во статијата.

Многу од причините за „неуспехот“ на Москва датираат од 2014 година, кога Крим стана дел од Русија, на истокот на Украина започна конфликтот, Западот воведе санкции, а цените на нафтата се намалија двојно. Многу од успесите што Русија ги постигна во односите со поранешните советски републики во текот на изминатата деценија се сведоа на нула, а во руската економија почна „рецесија“. Во исто време, земји како Украина, Молдавија и Грузија работеа на подобрување на односите со ЕУ и НАТО, истакнуваат аналитичарите на „Стратфор“.

Путин: Не бараме и никогаш не сме барале непријатели

Сепак, поради тековните случувања во ЕУ и САД поранешните советски републики, најверојатно, ќе ги преиспитаат своите политики. Така, претседателските избори во Молдавија, кои ги доби прорускиот кандидат Игор Додон, покажаа дека интересот на земјата за зближување со ЕУ слабее. Иако е малку веројатно дека новиот претседател ќе успее да ја сврти земјата „со полна пареа“ кон сојуз со Москва, тој сепак обидува да ги зајакне економските и политичките врски со Русија. Грузија почнува малку да го омекнува ставот спрема Абхазија и Јужна Осетија. Покрај тоа, Тбилиси, по парламентарните избори, најверојатно, ќе ја зајакне економската соработка со Москва, претпоставуваат аналитичарите.

Што се однесува до Украина, Киев не може повеќе да смета на „непрестајната“ економска и политичка поддршка од Запад. Се разбира, малку веројатно е дека Украина може да избере „проруски лидер“ поради конфликтот во Донбас, но промената на политичките услови во Европската унија и САД може да ја натера украинската влада да ја омекне својата позиција во однос на „Минската спогодба“ и да избере „попомирувачки пристап“ во преговорите со Русија за ситуацијата во Донбас. Паралелно со ова, Киев може да се обидат да ја зајакне „воената интеграција“ со Полска и балтичките држави во случај членките на НАТО (а особено САД) да го намалат своето присуство во Централна и Источна Европа, се вели во материјалот.

Зошто Русија инсистира на Евроазиската унија

Не е исклучено дека и сојузниците на Русија на постсоветските простори да ја разгледаат својата надворешна политика. Според аналитичарите, неодамна Белорусија го „затопли“ својот однос кон Европската унија, иако сега работите може да се променат. Уште еден сојузник на Русија - Ерменија - ја доведува во прашање „непоколебливата лојалност“ кон Москва по интензивирањето на конфликтот во Нагорно-Карабах пролетта. Меѓутоа, ако Европската унија и САД создаваат за Москва „помалку предизици“, таа ќе има повеќе можности да стане главен арбитер во спорот меѓу Ерменија и Азербејџан, се вели во статијата.

Дури и земјите кои остануваа релативно неутрални во конфронтацијата меѓу Русија и Западот, можат да ја променат својата позиција. Така, Москва неодамна имаше разговори со Узбекистан и Азербејџан за соработка во воената сфера. Русија, исто така може да се активира во насока на евроазиската интеграција и ЕАЕС и ОДКБ, особено во светлото на фактот дека разликите во Европската унија го попречуваат развојот на програмата „Источно партнерство“, истакнуваат аналитичарите.

На тој начин, во текот на следната година, Русија има шанси да го зголеми влијанието во многу земји од постсоветските простори, иако тоа може да биде многу послабо отколку што беше пред 2010 година. Дури и ако Запад ги омекне санкциите против Русија, САД и НАТО, најверојатно, нема да престанат да ги поддржуваат сојузниците на „руската периферија“. Сепак, актуелната политичка трансформација во Европа и Америка можат да ѝ дадат на Москва значително повеќе простор за да си ги поврати позициите во Евроазија, пишува Стратфор, пренесува РИА „Новости“.






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net