Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Декабрь
2016

Јанукович негира дека има вина за крвопролевањата на Мајдан

0

Поранешниот претседател на Украина (2010-2014 година) Виктор Јанукович не бил на територијата на земјата од февруари 2014 година, кога тој ја напушти Украина и побара азил во Русија. На седница на Свјатошинскиот окружниот суд во Киев на 28 ноември Јанукович зборуваше преку видеоврска од рускиот град Ростов на Дон (959 километри јужно од Москва).

Поранешниот претседател беше сослушан како сведок во случајот за егзекуцијата на демонстранти во Киев на 20 февруари 2014 година. Сепак, главниот обвинител на Украина Јуриј Луценко за време на процесот изјави дека Јанукович се јавува истовремено и како осомничен во случајот за предавство.

Залудни преговори

Главната причина за масовните протести, кои започнаа на киевскиот Мајдан во ноември 2013 година, стана одбивањето на Јанукович да го потпише договорот за асоцијација на Украина со Европската Унија. Претседателот беше обвинет дека одбил да го стори тоа под притисок од Русија. Во одговор на прашање на судот зошто одлучил да го прекине процесот на евроинтеграција, Јанукович изјави дека на договорот му е потребна доработка за да не ѝ наштети на надворешната трговија. Политичарот истакна дека за него би било поисплатливо да го потпише популарниот договор, за да биде избран за втор мандат, но „од тоа на земјата немаше да ѝ биде подобро“.

Саакашвили подготвува нова револуција во Украина?

Кога зборуваше за преговорите со лидерите на опозицијата, во периодот од ноември до февруари, паралелно со протестите на Мајдан, Јанукович нагласува: „Тоа беше театар, тие ги одолговлекуваа работите“. Според него тој нудел да се формира нова коалициска влада во која би влегле и претставници на опозицијата, но предлозите му биле одбиени.

„Не можев да потпишам наредба за крвопролевање“

Поранешниот претседател изјави дека тој нема врска со најкрвавите судири во центарот на Киев на 18-21 февруари 2014 година. „Не можев да потпишам наредба за крвопролевање - рече Јанукович. - Лидерите на Мајдан нека одговорат до што ја доведоа земјата“.

Според него нему му соопштиле дека во деновите на крвопролевањето огнот доаѓал од зградите кои ги контролирале демонстрантите. Претставници на силите на редот дејствувале легално и без да користат оружје. Јанукович рече дека за него, како вршител на должноста претседател, стрелањето на Мајдан било „штетно“, и тоа било провокација, насочена против него и владата. „Правев сè за да не се дозволи оваа трагедија“, им се обрати тој на жртвите и на нивните роднини.

Бегство во Русија од ловците

Поранешниот претседател негира дека за време на настаните на Мајдан добивал никакви инструкции од Москва. И особено, тој не се сретнал со помошникот на рускиот претседател Владислав Сурков, кој доаѓал во Украина за време на масовните протести (според информации на Газета.ру Сурков ја посетувал Украина за тајни преговори со Јанукович и со други политичари).

Јанукович призна дека откако демонстрантите биле на пикот, со заземањето на владиниот кварт на Киев, тој тргнал кон источниот дел на Украина, а оттаму во Русија. „[Доколку останев во Украина], тоа ќе беше опасно не од гледна точка на мојот живот, ами од гледна точка на животот на другите луѓе“, изјави поранешниот претседател. Тој тврди дека тешко успеал да замине за Русија од Донецк, иако бил легитимен претседател: „Се обидоа нелегално да ме задржат, а кога бев во воздух, се обидоа да ме соборат со ловци“.

Јанукович, како што самиот тој вели, бил против организирањето референдум на Крим за пристапување кон Русија, но за загубата на Крим се виновни новите власти на Украина, а не тој.

Не веруваат на зборовите на пребеганиот претседател

Претставниците на официјален Киев не веруваат на сведочењето на Јанукович, сметајќи го за предавник. „Максимумот кој тој [Јанукович] можеше да го направи беше да го одржи говорот кој му го напишале", вака Газета.ру го цитира украинскиот обвинител Алексеј Донски. За време на седницата Донски го праша Јанукович дали навистина го замолил Владимир Путин да користи во Украина руска армија (ова го изјави на 1 март 2014 година постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин). На ова прашање поранешниот претседател не одговори.

За што се зборува во „Украина во оган“ од Оливер Стоун

Заменик главниот уредник на весникот Полит.ру Борис Долгин во разговор со Комерсант FM истакна дека во Украина има основи Јанукович да биде обвинет за предавство. „Да замислиме дека руски државјанин би повикал странски војници да интервенираат во случај на територијата на Русија. Најверојатно рускиот закон би го протолкувал тоа на негативен начин“, коментира Долгин.

Политичкиот аналитичар на Комерсант FM Дмитриј Дризе е на мислење дека Јанукович не кажа ништо ново. Дризе е убеден: Јанукович не го гледаат сериозно не само во Киев, ами и во Москва и единственото нешто што му останува е периодично да потсетува за себе со реторика. „Откако зборуваше пред судот Јанукович повторно ќе замине во политички заборав. А, односите меѓу двете земји така и ќе си останат во ќор-сокак“, коментира Дризе.






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net