Рејтингот на Путин највисок по 2008 година
Работата на претседателот на Русија Владимир Путин како претседател ја одобруваат 86% од Русите, вели последната анкета на „Левада-центарот“.
Не ја одобруваат работата на Путин 14% од населението.
Путин кажа кои се позитивните аспекти на работата на претседателот
Рејтингот на одобрување на работата на претседателот, на тој начин, го постигна коефициентот од 2008 година, кога од неговата работа беа задоволни исто така 86%. Во 2012 година овој показател беше на нивото на 63%.
Покрај тоа, се зголеми бројот на оние кои ја одобруваат работата на премерот на Русија Дмитриј Медведев – од 48 % во октомври, на 52% во ноември.
50% од анкетираните ја одобруваат работата на владата, додека 49% не ја одобруваат, пренесува „Газета.ру“.
