Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2016

Медиум: Путин стана „Че Гевара“ за десницата ширум светот

0

“Тој е марионета на Кремљ“ - токму така гласи борбениот повик на оние кои се обидуваат да ја спречата победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори, ја почнува својата статија објавена во списанието „Политико“ авторот Питер Померанцев.

Меѓутоа, неговиот отворено пропутински став, продолжува авторот, и мрачните гласови за поврзаност со Кремљ кои ги шират неговите противници, не успеаја да ја намалат популарноста на Трамп. И тој во овој поглед не е осамен. Вакви обвинувања се слушаат и на сметка на успешната кампања за излегувањето на Велика Британија од Европската унија и за сметка на десничарските движења кои се во подем во Европа.

Значи, дали обвинувањата за пријателство со Путин можат да се карактеризираат како стратегија за гарантиран успех? Што ако обвинувањата за соработка со Кремљ всушност помагаат во остварување на целта?, се прашува авторот на текстот.

Главни тези од интервјуто на Путин за Блумберг

Замислете за момент дека сте лидер  на „антиелитистичко“ политичко движење. На своите поддржувачи им влевате страв во коски плашејќи ги со „либералната елита“ и „глобалниот светски поредок“. Не постои ништо што би било во поголема мера „антиелитистичко“ од покажувањето „два прста“ (навредлив гест кај Англичаните) токму на таа елита, на непријателските проекти како што се НАТО и ЕУ и поддршката на човек кој се обидува да ги поткопа нивните темели односно Владимир Путин. За „антиелитистичката“ десница изразувањето поддршка на Путин стана истото она, што  за левичарите беа маичките со ликот на Че Гевара, пишува „Политико“.

Во текот на референдумот во април во Холандија за договорот за асоцијација на Украина со Европската унија, лидерите на анти-имигрантските, анти-европските движења со задоволство дека ја користеа пропагандата на Кремљ, за да ги убедат Холанѓаните во „фашистичкиот“ карактер на новите украински власти и да ја намалат улогата на Русија во украинскиот конфликт. Либералите ги обвинуваа дека претставуваат „корисни идиоти на Кремљ“, но без ефект. Путин не ги тангира гласачите. Ги тангираат прашањата на имиграцијата и економијата. Во секој случај, тие антиевропските ставови на рускиот лидер ги прифатија како одраз на своите погледи.

Во текот на подготовките на референдумот за останување или излегување на Велика Британија од Европската унија, претставниците на кампањата за останување во заедницата истакнуваа дека Путин ќе се радува ако земјата ја напушта Унијата. Поддржувачите на излегувањето, меѓутоа, ги позиционираа тие обиди како дел од аспирациите на глобалната елита да го оттргне вниманието на електоратот од вистинските проблеми, повторно од проблемите на имиграцијата и економијата.

Милионер Арон Бенкс, кој се залагаше за излегување, и поранешниот лидер на Партијата за независност на Обединетото Кралство Најџел Фараж отворено го изразуваа своето воодушевување од Путин и неговата надворешна политика.

Како Трамп стана агент на Путин

Кога Доналд Трамп беше обвинет за блиски врски со Путин, тој го замоли Кремљ да упадне во електронската преписка на Хилари Клинтон. Тој не го крие своето воодушевување од Путин, тој зборува за тоа отворено. Очигледно е дека тој смета дека бидејќи Русија не им ги одзема работните места на Американците и не ги загрозува неговите поддржувачи, на начинот на кој им се закануваат исламскиот тероризам или мексиканските имигранти, дека во тој случај на благиот флерт со Кремљ не треба да се гледа како на предавство на Америка.

Промосковскиот став или откажувањето од традиционалните односи на естаблишментот спрема Москва, тоа е феноменален сарказам на сметка на елитата во Вашингтон, потсетува авторот на текстот.

Ниту еден десен политичар никогаш не бил толку отворен во својата поддршка за Путин како што е тоа Марин Ле Пен, лидерот на француската анти-имигрантска партија Национален фронт. Кога пред две години нејзината партија доби кредит од 11 милиони евра од мала руска приватна банка, тесно поврзана со опкружувањето на Путин, многумина мислеа дека тоа е крајот на кариерата на Марин Ле Пен, меѓутоа, нејзината популарност, како што покажуваат анкетите, не паѓа, вели авторот и потсетува на отвореното залагање на нејзината партија за укинување на санкциите спрема Русија и поддршка за референдумите на Путин „со кои на неговите странски кампањи им се дава легитимитет“.

Зошто Русија и Западот сè помалку се разбираат?

Ле Пен од Русија бараше уште 27 милиони евра, но нејзините приврзаници тоа не ги тангира, пишува Померанцев. 

Во тие односи нема ништо „тајно“, очигледно е дека тие носат најголема корист тогаш кога се отворени, Најважно е да се искажат симпатии спрема Путин, тврди авторот. Оние кои денес се обидуваат да ги разнишаат позициите на Трамп и Ле Пен обвинувајќи ги за преголема блискост со Кремљ, ризикуваат да им направат голема услуга, заклучува авторот на текстот.

Питер Померанцев е еден од најпознатите антируски пропагандисти, заслужен борец против „руската пропаганда“ во рангот на Едвард Лукас од „Економист“.






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net