Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Октябрь
2016
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31

Што ќе ѝ се на Русија бази на Куба и во Виетнам?

0

Експертите за обновата на руското воено присуство во овие две земји.

Министерството за одбрана на Русија може да го разгледа прашањето за обновувањето на руското воено присуство на воените бази на Куба и во Виетнам. На ова алудираше заменик-министерот за одбрана на РФ, Николај Панков, во своето излагање во Државната дума на 7 октомври. „Се занимаваме со ова прашање и го согледуваме проблемот“, рече Панков, одговарајќи на прашање на пратеник за тоа дали воениот врв презема нешто во оваа насока.

Засега на официјално ниво не е решено прашањето за постојано присуство на руските вооружени сили во радиоелектронскиот центар во Лурдес на Куба и во виетнамското пристаниште Кам Ран. Но, руските експерти веќе на големо зборуваат за неопходноста од овие бази и за нивната евентуална намена.

Куба

„На Куба порано се наоѓаше руски центар за радиоелектронско набљудување. Мислам дека тој треба да постои и сега“, вели Евгениј Бужински, генерал-лајтнат во резерва, доктор на воени науки, претседател на советот на невладината организација „Пир-Центар“. Според него, одлуката за прекин на работата на рускиот центар за радиоелектронско набљудување, кој функционираше на Куба во периодот од 1967 до 2002 година, била погрешен чекор.

Обама на Куба: што значи ова за Русија?

Бужински потсети дека САД сѐ уште ги одржуваат своите објекти за радиоелектронско набљудување на црноморскиот брег во Турција. „Радиоелектронските средства за набљудување секогаш се актуелни, зашто технологиите се менуваат и постојано се усовршуваат“, вели тој.

Меѓутоа, други експерти не сметаат дека обновувањето на руското присуство на Куба е неопходен чекор во денешните военополитички околности.

„Од военостратегиско гледиште е бесмислено да се отвори руска база на Куба. За тоа кај нас се зборува за да се сврти вниманието на САД кон ова прашање, со цел да се парира на сѐ поизразените активности на НАТО во Европа“, вели Максим Старчак, научен соработник во Центарот за меѓународна и одбранбена политика на Универзитетот Квинс во Канада и член на невладината организација „Пир-Центар“, кој се занимава со прашањата на глобалната безбедност.

Според Старчак, Кремљ може да ги искористи разговорите за обновување на своето присуство на островот како начин да му покаже на Вашингтон „дека секоја нова контрамерка ќе предизвика возвратна реакција, што значи дека се неопходни преговори “.

Од друга страна, никој од експертите што ги консултиравме не смета дека потенцијалната одлука на Москва за обновување на руското присуство на Куба може да предизвика повторување на Карипската криза од 1962 година, зашто Кремљ веројатно не ја разгледува варијантата за распоредување борбен контингент и какви било ракети на базата во Лурдес.

Виетнам

Доколку во Министерството за одбрана на РФ се разгледува прашањето за враќање на воената морнарица во пристаништето Камран во Виетнам, веројатно станува збор за преиспитување на важечките услови за престој на руски бродови во споменатото пристаниште, зашто во моментов таму руските бродови се танкираат, смета Бужински.

Во каква состојба е руската флота?

„Новиот договор главно би се однесувал на нијанси, односно на прашања за тоа кои конкретни бродови можат да влегуваат во пристаништето, со која тонажа, дали можат да влезат во пристаништето со оружје или не можат. Мислам дека станува збор само за правен формат на некои договори што се веќе постигнати“, вели тој.

Според Бужински, на Русија во Виетнам ѝ е потребен пункт за материјално-техничко опслужување на воените бродови, зашто Москва настојува да го зацврсти присуството на својата воена морнарица во светскиот океан. Постојаното базирање на руските бродови во јужна Азија во голема мера ќе ги засили стратегиските позиции на руската флота во светскиот океан, зашто нема да се трошат ресурси и нема да се губи време на поминување големи растојанија од кое било пристаниште во Русија до базата Камран, додава воениот аналитичар на агенцијата ТАСС Виктор Литовкин.

Меѓутоа, многумина сметаат дека, сепак, станува збор за постојано присуство. Според Старчак, базата во Камаран може да послужи како привремен пункт за испраќање на руската стратегиска авијација и на подморници во зоните на евентуални воени маневри во Азија, а, исто така, таа да послужи за да се набљудува.

„Русија не поседува неопходни воено-поморски ресурси за постојано присуство надвор од своите територијални води. Поради тоа базата во Камаран ќе користи за техничко опслужување на набљудувачките активности на воената морнарица и на военото воздухопловство на Русија во регионите што се во близина на нејзините граници, како и за опслужување на дејствијата поврзани со воените акции обука“, вели експертот.

Вознемиреност на Вашингтон

Засилената активност на Руската воена морнарица во јужна Азија најверојатно може да предизвика вознемиреност кај САД.

Русија сака да ги зајакне источните позиции во Сахалин и на Курилите

Можното проширено присуство на Руската воена морнарица во пристаништето Камран во Виетнам и потоа постојано присуство на руската војска во овој регион, во извесна смисла ја загрозува стратегиската поморска база на САД на Гуам, смета Мајкл Кофман, експерт од центарот „Вудро Вилсон“ во Вашингтон.

Стејт департментот на САД во 2015 година веќе побара од Виетнам да не ѝ дозволи на Русија дополнување гориво за стратегиските бомбардери на базата Камран, наводно поради „провокативните“ летови на руските авиони во близина на воената база на САД на Гуам.

Меѓутоа, властите на Виетнам го променија својот став, а виетнамскиот амбасадор во Русија ја изрази подготвеноста на својата земја и понатаму да ги прифаќа и да ги опслужува руските воени бродови во базата Камран, доколку таа практика не биде насочена кон трети земји.

Виетнам нема да дозволи странски воени бази на својата територија

Виетнамските власти соопштија дека нема да дозволат странски воени бази на својата територија, соопштува агенцијата „Ројтерс“.

Виетнам нема да дозволи странски воени бази на своја територија

„Континуираната политика на Виетнам се состои во одржување на неутралниот статус на државата. Ние нема да стапуваме во воени сојузи или алијанси против трети земји“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Виетнам Ле Хаи Бин.

„Исто така, нема да ѝ дозволиме на ниту една земја да подигне воена база во Виетнам“, додаде портпаролот, а пренесува „Ројтерс“.

Како што истакнува „Ројтерс“, неутралниот статус на земјата сепак дозволува во нејзините пристаништа да влезат воени бродови на странски држави. Така, во пристаништето Кам Ран досега престојувале американски, француски и јапонски воени бродови.






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net