Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Октябрь
2016
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31

Реакција на Русија на одбивањето на Шпанија за „Адмирал Кузнецов“

0

Експертите за одбивањето на Мадрид руските бродови да дополнат гориво.

Бродовите од групата на Северната флота на Воената морнарица на Русија на чело со крстосувачот и носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ го минаа Ламанш и на 26 октомври пловеа во насока на Гибралтар. Нивниот пат и задачите, според портпаролот а претседателот на РФ Дмитриј Песков, се наоѓаат во „затворени пликови со натпис 'Строго доверливо'“.

Сепак, како што претходно соопшти шпанското Министерство за надворешни работи, бродовите требало на 28 октомври да допловат во пристаништето Сеута (енклава во Северна Африка). Како што истакна официјален Мадрид, ваква дозвола била издадена уште во септември.

Но, кога во медиумите се појави веста дека бродовите наскоро ќе пристигнат во Сеута, врз Шпанија се урна лавина критики од страна на сојузниците од НАТО.

Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг истакна дека во некои други услови не би имал ништо против танкирањето на руските бродови, но сега е крајно вознемирен поради тоа што „тие можат да бидат искористени за напад на Алепо“.

Слични изјави дадоа и политичари и претставници на воениот врв од Велика Британија и САД.

НАТО ја критикува Шпанија поради руски бродови

Во Шпанија, пак, против влегувањето на руските бродови во Сеута најгласни беа претставниците на Каталонската републиканска левичарска партија. Во нивната информативна служба за Комерсант беше потврдено дека членовите на шпанскиот Конгрес на пратеници од оваа партија бараа од вршителот на должноста министер за надворешни работи Хозе Мануел Гарсија-Маргаља и од вршителот на должноста министерот за одбрана Педро Моренес да објаснат зошто руските бродови кои учествуваат во сириската операција се опслужуваат на територијата на членките на НАТО.

Властите на Сеута на почетокот неа обесхрабрени од овие настани. Од 2011 година во ова пристаниште, според податоците што ги изнесува весникот El Pais, престојувале над 60 руски бродови.

„Критериумите за допуштање влез во Сеута претпоставуваат безбедност за природната средина, за градот и за нивните жители“, цитира изданието The Spain Report извори од администрацијата на пристаништето. Но, под плотунот на критиката шпанското Министерство за надворешни работи вчера објави дека „одржува консултации за преиспитување на одлуката“.

Кон средината на денот El Pais, повикувајќи се на дипломатски извори, соопшти дека одлуката за дополнување гориво ќе биде анулирана доколку се потврди дека бродовите пловат во Сирија. Не чекајќи расплет на ситуацијата руските власти самите се откажаа од оваа идеја. „Потврдуваме дека бродовите нема да влегуваат во пристаништето Сеута, зашто го смениле патот“, соопшти амбасадата на РФ во Шпанија.

Реакцијата на Москва

Портпаролот н амбасадата Василиј Ниораѕе во разговор со дописникот на Комерсант ја повика јавноста да не ја драматизира оваа ситуација.

„Усогласувањето на слични случаи со враќање на бродовите од пристаништето е рутинска процедура“, истакнува тој. „Ние однапред испраќаме молба, а за време на донесувањето на одлуката се води сметка за меѓународното право и за барањата на земјата која го прифаќа бродот. Сега е донесена ваква одлука, а во друга пригода одлуката ќе биде поинаква“.

Русија го повлече барањето за влез на своите бродови во шпанско пристаниште

Портпаролот на Министерството за одбрана на РФ Игор Конашенков оваа ситуација ја согледува од поинаков агол. Според него, рускиот воен врв предвидува можност „во согласност на шпанската страна определени воени бродови или бродови за нивно опслужување од оваа група да можат да наминат во пристаништето (Сеута – Комерсант)“.

Меѓутоа, Министерството за одбрана на Русија, според него, нема испратено никаква официјална молба до Мадрид.

Конашенков додава дека „претставниците на шпанското раководство соопштило дека поради притисок од САД и од НАТО врз нив доаѓањето на руските бродови на пристаништето во Сеута не е пожелно“. Властите на Шпанија не дадоа никакви јавни изјави во врска со ова.

Танкирањето не е проблем

Директорот на Центарот за анализа на стратегии и технологии Руслан Пухов не гледа никаква трагедија во промената на патот на „Адмирал Кузнецов“.

„Ние без проблем можеме да дополниме гориво во Алжир или на Малта. Попрво би рекол дека тоа би бил Алжир, зашто Малта е членка на Европската Унија и ќе го има истите проблеми како Шпанија“, изјави тој за Комерсант.

Според рускиот експерт доаѓањето на групата на „Адмирал Кузнецов“ во Сирија тешко дека во голема мера ќе го измени односот на силите во регионот, но ќе ѝ овозможи на Русија да го подигне својот меѓународен престиж.

„Французите користат носач на авион во овој регион зашто немаат база, а ние имаме база“, истакна експертот. „'Кузнецов' веројатно оди во поход за вежба. Пилотите на палубните авиони мораат да тренираат, а Сирија им дава можност да вежбаат во воени услови“.

Експертот Андреј Фролов од ЦАСТ додава дека походот на „Адмирал Кузнецов“ има и „рекламна компонента“: „Индија размислува за евентуално купување палубни ловци МиГ-29К/КУБ за идните носачи на авиони, така што демонстрацијата на нивните можности во Сирија ќе му помогнат на Њу Делхи побрзо да донесе одлука“.






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net