Кремљ: Путин се согласи со полициска мисија на ОБСЕ во Донбас
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Владимир Путин генерално се согласува со распоредување на полициска мисија на ОБСЕ во Донбас.
„Вооружена, полициска мисија на ОБСЕ... викајте ја како сакате. Генерално а распоредување таква мисија Путин се согласи во текот на состанокот (на „Нормандската четворка“ во вчера во Берлин)“, рече Песков, пренесува „Лента.ру“.
Тој наведе дека шефот на руската држава „рече дека треба да се искористи актуелното претседавање на Германија со ОБСЕ за да се интензивира работата на тоа прашање“.
Путин раскажа за договорот на средбата во Берлин
