Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2026
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Масовни немири во Иран, бруталност на власта. Трамп се закани со интервенција

0

Протестите во Иран продолжија и 13-та ноќ, на 9 јануари, и покрај бруталното задушување и заканите на властите дека ќе ги казнат „бунтовниците“ кои бараат крај на Исламската Република.

Видеата од социјалните мрежи испратени до Радио Фарда (иранскиот сервис на РСЕ) во вечерните часови на 9 јануари покажуваат толпи кои се собираат на различни локации во главниот град Техеран, како и во поголемите градови Шираз и Машхад.

Претходно во текот на денот, протести го зафатија југоисточниот град Захедан, каде што сунитските белуџи излегоа на улиците по петочните молитви.

Зборувајќи на состанокот со раководителите на компаниите за нафта и гас на 9 јануари, американскиот претседател Доналд Трамп рече:

„Иран е во голема неволја. Ми се чини дека луѓето ја преземаат контролата врз одредени градови, што никој не го сметаше за можно пред само неколку недели.“

„Внимателно ја следиме ситуацијата. Јасно ставив до знаење дека ако почнат да убиваат луѓе како што правеа претходно, ние ќе интервенираме. Ќе ги удриме многу силно таму каде што најмногу боли. Тоа не значи испраќање војници на терен, но значи дека ќе ги удриме многу, многу силно таму каде што најмногу боли.“

Брутални пресметкиОд видеата што се појавија се гледаат брутални судири, додека демонстрантите прибегнаа кон порешителни тактики судирајќи се директно со безбедносните сили и палејќи пунктови на полицијата и паравоените упоришта на Басиџ.

„Толпата што беше таму нема да се откаже“, изјави еден демонстрант во Машхад во североисточен Иран за Радио Фарда на РСЕ.

„Млади и стари излегоа на протести, некои од постарите лица едвај можеа да одат, но протестираа. Имаше еден старец кој постојано го проколнуваше [иранскиот врховен лидер Али] Хамнеи. Уморни сме од високите цени, [наметнатиот] хиџаб и сè друго. Не се во прашање само една или две работи, сакаме промена на поредокот (промена на режимот).“

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, им се обрати на поддржувачите на режимот на 9 јануари, велејќи дека „саботери, агитатори уништија згради во земјата за да му угодат“ на американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој додаде дека Трамп ја има „крвта на Иранците на рацете“ по американските напади врз Иран во јуни и дека американскиот лидер ќе биде „соборен“.

По неговиот говор, митинзи на поддржувачите на Исламската Република се одржаа во неколку градови откако завршија петочните молитви и добија широко покриеност од државните медиуми.

Демонстрантите кои палат јавен имот и се судираат со безбедносните сили, обвинителот од Техеран, Али Салехи, ги опиша како „терористи“ кои ќе бидат обвинети за „мохаребе“, или водење војна против Бога, што може да биде казнето со смртна казна.

Неколку безбедносни агенции испратија слични предупредувања до демонстрантите на 9 јануари.

Разузнавачката агенција на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека „продолжувањето на ситуацијата е неприфатливо“ и го повтори своето тврдење дека протестите се поттикнати од странски спонзори.

Во меѓувреме, органите за одржување на редот издадоа соопштение во кое ги повикаа луѓето да ги „заштитат своите тинејџери“ од тоа да бидат вовлечени во немирите, нагласувајќи ја политиката на „без компромис“ на полицијата кон „бунтовниците“.

Иранските медиуми објавија дека неколку безбедносни припадници биле убиени во немирите на 8 јануари, вклучително и во Техеран и Марвдашт. Обвинител и неговите телохранители биле убиени и во градот Есфараен во покраината Северен Хорасан.

Норвешката организација за човекови права во Иран објави дека најмалку 45 демонстранти биле убиени до 8 јануари, а повеќе од 2.000 биле уапсени. Во заедничка изјава со Амнести Интернешнл ги обвинија иранските сили за „незаконска употреба на сила и огнено оружје и за масовни произволни апсења“.

Во изјава на 9 јануари, шефот на ОН за човекови права, Волкер Турк, рече дека е „длабоко вознемирен“ од извештаите за насилство и повика на „брзи, независни и транспарентни истраги за сите смртни случаи“.

„Оние што се одговорни за какви било прекршувања мора да одговараат во согласност со меѓународните норми и стандарди“, додаде тој.

Бранот протести, кој започна на 28 декември во Големата чаршија во Техеран, брзо ескалираше, ширејќи се во десетици градови. До вечерта на 8 јануари, од речиси секој агол на земјата се појавија снимки на кои се гледаат огромни толпи како скандираат и маршираат.

Властите прво ја успорија брзината на интернетот низ целата земја, а вечерта на 8 јануари речиси целосно го згаснаа, прекинувајќи ги и телефонските линии.

Вестите од земјата се ширеа бавно поради прекини во комуникацијата, но американските и европските лидери го зајакнаа мониторингот на развојот на настаните.






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net