Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Февраль
2025

Генерален штрајк во Белгија против најавените реформи на владата

0
Во Белгија денеска (13 феврауари) се одржува генерален штрајк, поради што се откажани сите летови од белгиските аеродроми, редуциран е јавниот превоз и не работат јавната администрација, државната пошта, училиштата и комуналните служби, како затворските чувари. 


Штрајкот е во организација на неколку белгиски синдикати, како резултат на незадоволство од најавените реформи и економска политика на новата Федерална влада на Белгија. 


Согласно Коалицискиот договор за формирање на Владата, постигнат на 31 јануари, меѓу другото се предвидува намалување на буџетските трошоци за 23 милијарди евра во следните пет години, како и реформи во даночната политика, зголемување на старосната граница за пензионирање и намалување на средствата за социјалната заштита. 


Во рамки на штрајкот се најавени и протестни маршеви на кои се очекува учество на неколку десетици илјади лица. Само на протестот во Брисел се очекуваат околу 60000 демонстранти. 


Кон генералниот штрајк се приклучија и контролорите на летање, поради што воздушниот простор над Белгија е затворен од 06:45 до 22:15 часот. Откажани се сите летови кон и од бриселските аеродроми „Брисел-Завентем“ и „Брисел Југ-Шарлроа“, како и од аеродромите во Антверпен, Остенде и Лиеж. 




Бриселското градско сообраќајно претпријатие СТИБ соопшти дека очекува „сериозни нарушувања“ на јавниот превоз во Брисел, поради целосен прекин на сообраќањето на некои метро, трамвајски и автобуски линии и редуцирање на останатите. Редуцирање на автобуските и трамвајските услуги се најавени и во Фландрија, додека во Валонија целосно се откажани неколку линии на јавниот превоз. 


За разлика од патниот превоз, возовите ќе сообраќаат нормално, бидејќи железничарите решија да не прекинат со работа за да им овозможат на штрајкувачите од целата земја да допатуваат на протестот во Брисел. Белгиската железница СНЦБ соопшти дека се очекува зголемен обем на патници на линиите од и кон Брисел, па најави можност и за зголемување на бројот на возови што ќе сообраќаат.  


Покрај поради штрајкот, ограничувања на движењето во Брисел има и поради состанокот на министрите за одбрана на НАТО, почетокот на фестивалот „Брајт“ и фудбалскиот натпревар во рамките на Лига Европа.





Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net