Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Октябрь
2023

Пациентите со ретки болести бараат лековите да не се издаваат само во Скопје

0
Тендерите за лекови за ретки болести да не се спроведуваат како тендери за тоалетна хартија. Терапијата да биде редовна и да може да се подигне и во другите градови, а не само во Скопје како што е сега, побараа повеќе пациентски здруженија од денешната заедничка прес - конференција.


Тие повторно апелираат на решение за проблемите со кои во континуитет се соочуваат: недостаток на лекови поради доцнење на тендерите, листи на чекање, долги административни процедури за социјални или здравствени услуги, праксата лекови да се даваат само во Скопје, поради што пациентите од другите градови се изложени на дополнителни трошоци и малтретирање.


„Сфаќаме дека сите кризи во здравството не можат наеднаш да се решат, но нашите проблеми траат со години. Ако тендерот е во јануари, а пациентот е дијагностициран во февруари, треба да чека цела година за да добие лек. Не мора до дома да ни ги носат лековите, но тоа нека го направат децентрализирано, како што се доставува терапијата за дијабетес низ инсулински аптеки“, рече Весна Алексовска, претседателка на здружението „Живот со предизвици“.


Според неа, одговорот што го добиле од надлежните е дека таква децентрализација не може да се направи, бидејќи лековите се скапи и е потребна дополнителна контрола за да не се злоупотребуваат.




Наташа Петровска, претседател на здружението на родители на деца со јувенилен артритис „И јас имам артритис“ укажа дека не секогаш е проблем скапиот лек, туку некаде е и лошто менаџирање.


„И состојбата со биолошката терапија е слична и неповолна. Често се одложуваат примањата на терапијата поради закаснети тендери и ограничена достапност и избор на истата. Затоа, наместо децата да пораснат во работоспособни личности што ќе даваат придонес во општеството, има деца што се завршени во количка и доживотно на товар на државата“, рече Петровска.




Ана Карајанова-Димитрушева, претседател на здружението за мултиплекс склероза, вели дека централизираниот начин на издавање терапии е голем проблем за пациентите со оваа дијагноза.


„За оваа состојба неколку пати сме апелирале: тука има патни трошоци, губење работен ден или трошење ден од одмор, негативно влијание врз здравствената состојба на пациентот, особено затоа што се лица со физичка попреченост. Нашите прволиниските терапии се издаваат секој месец и мора да се подигнуваат еднаш месечно. Со можноста да се доставува потребната терапија ќе се олесни на самиот пациент, а Клиниката за неврологија ќе се растовари од огромната фреквенција на пациенти кои доаѓаат само да ја подигнат терапијата“, рече Карајанова-Димитрушева.


Стратегијата за ретки болести почна да се прави уште во 2019 година. Истата остана необјавена и повторно се разгледуваше во мај оваа година со цел да се стави на агенда за усвојување од Влада како релевантна стратегија.





Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net