Се зголемува бројот на жртви од свлечиштата во Кина
Врнежите од дожд во планинското село Веизипинг во провинцијата Шанкси предизвикаа големи лизгања на земјиштето во петокот кои уништија куќи, патишта и мостови.
Властите во Кина известуваат за повеќе загинати и исчезнати во поплавите
Државното радио претходно јави дека во овој реон е исклучена и струјата. Во операциите за пребарување и спасување беа мобилизирани стотици војници и пожарникари.
Во последните недели Кина се соочи со смртоносни поплави. Десетици луѓе загинаа за време на невремето што го зафати северниот дел на земјата.
