Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июль
2023

ДЗР: Владата трошела и до неколку пати повеќе средства за себе, а кратела од судовите и обвинителствата

0
Буџетот за 2022 година изнесуваше приближно 182 милијарди денари и во однос на 2021 година е помал за 7 отсто, додека во однос на бараните пари од буџетските корисници е помал за 29 отсто, пишува Државниот Завод за ревизија во најновиот извештај.


Со ребалансот на буџетот од јули 2022 година, како и со две Одлуки за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите од ноември 2022 година, Владата го зголемила Основниот буџет за 2022 година за 8 отсто.


Според ДЗР, во континуитет се известува дека одобрените буџети на буџетските корисници не е во сооднос со реалните потреби за реализација на поставените цели. Иста е состојбата и за 2022 година, односно износот на одобрени пари од Основен буџет (сметка 637) е повисок за 21 отсто во однос на максималните износи на одобрени средства.


„Значително зголемување на одобрени средства за 2022 година има кај Министерството за транспорт и врски, кои во однос на претходната година се зголемени за околу 5 пати, поради воведување на новата владина програма 2М–Инвестиции во патна инфраструктура, за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово - Гостивар - Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа - Струга - Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп – Битола). Исто така зголемување е утврдено и кај Владата, при што одобрениот буџет е за 2,5 пати поголем во однос на планираните максимални износи. Ваквата состојба е резултат на проширување на програмата П1-Мерки за справување со Ковид-19 кризата и други антикризни мерки, во рамките на која опфатени се и мерки за други кризи, кои не биле планирани при подготовката на буџетот, кога максималните износи на расходи биле утврдени на пониско ниво во однос на 2021 година за околу 50 отсто“, констатирале ревизорите од ДЗР.




Планираното зголемување кај приходите е во насока на оптимизирање на изворите на финансирање на буџетскиот дефицит, додека кај планираното зголемување кај расходите во најголем дел е насочено кон реализација на дел од мерките на Владата за надминување на последиците од енергетската криза.


Ревизорите укажуваат дека „имајќи го предвид обемот на надлежностите, големината на буџетот, организациона структура, кадровската екипираност на Владата, поставеноста на внатрешните контроли, како и обврската за континуиран мониторинг и контрола над законското користење на доделените пари по основ на владини програми, потребно е „да се преиспита актуелниот начин на буџетирање каде со планирањето во најголем дел реализацијата на парите се врши преку разделот на Влада и да се распределат средствата во буџетите на одделните институции согласно законските надлежности кои ги врши секоја одделно“.


Освен ова ревизроите констатирале дека Владата при распределба на парите наместо да им ги додели законски предвидените средства на судовите и јавните обвинителства, таа од нив кратела повеќе од половина од потребниот буџет.


„Исто така констатирано е дека средствата кои се издвојуваат за финансирање на Судската власт во износ од околу 2,3 милијарди денари претставуваат 0,3 отсто од БДП и истите се за 63 отсто помали од законски утврдениот лимит, додека за Јавното обвинителство одобрените средства во износ од околу 643 милиони денари претставуваат 0,21 отсто од средствата на Буџетот за 2022 година, иако согласно Законот за јавното обвинителство висината на средствата за работа треба да изнесуваат најмалку 0,4% од буџетот на државата, доколку со тоа не се нарушува праведната распределба на буџетските средства“, констатирал ДЗР.


Во извештајот се наведува дека буџетскиот дефицит на ниво на Централен Буџет изнесува 5,1 отсто од БДП и истиот е 0,8 отсто над проектираниот процент од 4,3 отсто, предвиден во Фискалната стратегија за 2022-2024 година.


Јавниот долг на 31.12.2022 година изнесува 7 702,9 милиони евра додека на 31.12.2021 година е во износ од 7 135,3 милиони евра, што укажува на зголемување во апсолутен износ од 567,6 милиони евра односно од 8 проценти.


Во однос на финансиската нестабилност на  единиците на локалната самоуправа, со ревизијата било утврдено дека во декември 2022 година, од вкупно 81 општина, 14 општините се со блокирана сметка.





Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net