Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июль
2023

Чудно погранично село меѓу двете Кореи

0
 

Колиби со сини покриви, подигната бетонска плоча и малку чакал се сè што ги дели двете Кореи во Панмунџом, ретка точка на близок контакт долж најтешко вооружената граница во светот.


Луѓето ја преминуваа таа тенка линија на поделба, но само под посебни околности, преминувајќи меѓу двeте нации кои технички, сè уште се во војна.


Тоа го направија поранешниот американски претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Поранешниот јужнокорејски претседател Мун Џае-Ин одеше рака под рака со Ким преку таа граница. Во 2017 година, севернокорејски војник кој пребега, ја премина границата под оган, во луда трка да најде прибежиште.




И оваа недела, американски војник, соочен со можна воена дисциплинска постапка, ја премина линијата.


Така предизвика меѓународен инцидент кој може да ги влоши и онака заладените односи на Корејскиот полуостров, од кој Северна Кореја оваа година изврши десетици ракетни проби. Таа продолжува да работи на унапредување на својата нуклеарна програма насочена на таргетирање кон Соединетите Држави.


Голем дел од Демилитаризираната зона (ДМЗ) широка четири километри е всушност дивина, опкружена со мини, бодликава жица, замки за тенкови и борбени трупи од двете страни. Заеднички ја надгледуваат Командата на Обединетите Нации, предводена од Американците и Северна Кореја.


Но, Панмунџом, некогаш малку познато земјоделско село, во демилитаризираната зона, кое сега е домаќин на „Заедничката безбедносна зона“, е малку поинакво. Тоа е туристичко место, едно од најчудните во светот.


Седумте децении на поделба од крајот на Корејската војна се симболизирани со јужнокорејски војници кои чуваат стража и гледаат преку границата. Севернокорејски војници се исто така таму, но помалку видливи во поголемиот дел од денот.




На крајот на Втората светска војна, Корејскиот полуостров беше поделен на Север контролиран од Советскиот Сојуз и Југ поддржан од САД. Во Панмунџом, американските и севернокорејските сили преговараа и на крајот потпишаа примирје во 1953 година со кое завршија борбите во Корејската војна и ja создадоа Демилитаризираната зона (ДМЗ). Никогаш немаше формален мировен договор.


Повремено може да преовладува карневалска атмосфера околу Панмунџом, со продавници за сувенири, ресторани за брза храна и многу туристи, иако Северна Кореја е затворена за туризам поради пандемијата од почетокот на 2020 година.


Турите од јужната страна, наводно, привлекле околу 100 000 посетители годишно пред пандемијата, кога Јужна Кореја ги ограничи собирите за да го забави ширењето на КОВИД-19. Турите беа целосно обновени минатата година.


Областа потсетува на Студената војна, време во кое тлееше непријателство меѓу нуклеарно вооружените ривали. Имаше убиства со секира, прелети на американски бомбардери и очајни пребегнувања преку границата.


Американските претседатели и високи функционери редовно одат на јужната страна на демилитаризираната зона на фотосесии.


Туристичката област е на кратко возење од Сеул и е во домет на лесната артилерија на севернокорејските трупи, кои се околу 1,2 милиони во земјата.




Има повремени вербални размени меѓу американските војници и нивните севернокорејски колеги, често поврзани со бизнисот, на демаркационата линија во селото.


Можеби е возбудливо за туристите, но е опасно за војниците кои стражарат, често на само неколку метри.


Честопати поминуваат месеци и години без инциденти, но кога нешто навистина се случува, тоа може да биде насилно.




Во 1976 година, севернокорејските војници убија двајца офицери на американската армија, а Соединетите Држави одговорија со летање на бомбардери Б-52 на нуклеарен погон кон ДМЗво обид да го заплашат Северот.


Во 1984 година, севернокорејските војници и војниците на Командата на ОН разменија куршуми кога советски државјанин пребегна со спринт на јужната страна. Загинаа тројца севернокорејски војници и еден јужнокорејски војник.


Во 2017 година, кога севернокорејски војник кој бегаше прво удри со џип, а потоа брзо избега преку границата, севернокорејските војници пукаа со пиштоли и пушки пред војниците на Јужна Кореја да го одвлечат ранетиот војник на безбедно. Јужнокорејските војници не возвратија со оган.




Севернокорејските граѓани кои бегаат на југ, а се проценува дека се околу 30 000 од крајот на Корејската војна, најчесто ја користеле попорозната граница меѓу Северот и Кина.


Во 2019 година, во време кога дипломатските врски меѓу Северна Кореја и САД и Јужна Кореја беа без преседан, Трамп и Ким се ракуваа на границата. Трамп ја прегази бетонската плоча и стана првиот американски претседател што стапнал на севернокорејска територија.


Во вторникот, 23-годишниот Тревис Кинг стана првиот познат Американец кој бил приведен на север во речиси пет години, откако ја преминал границата во Панмунџом.


Кинг, кој одлежа речиси два месеци во јужнокорејски затвор, беше приведен под обвинение за напад и беше испратен во Форт Блис, Тексас, во понеделникот, каде што може да се соочи со дополнителни воени дисциплински мерки и отпуштање од службата. Но, официјалните лица велат дека наместо да се качи во авионот, тој го напуштил аеродромот и подоцна се приклучил на туристичката тура низ Панмунџом.




 





Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net