Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июль
2023

Меџити ветува набавка на лекот „трикафта“ до Нова Година

0
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, изјави дека проблемот со набавката на лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза ќе биде решен. Но, додека стигне лекот, како што рече на 13 јули, треба да се почитуваат процедурите и законите. Смета дека лекот би стигнал до пред Нова Година и додаде дека ќе се потрудат да биде тоа што побрзо.


„Од првиот ден знаете дека тоа беше „жежок костен“. Се согласив и со тој проблем како министер и како Кабинет. Донесовме тогаш за осум, плус за четири пациенти. Немаше протокол, немаше комисија, а веќе има протокол и комисија. Имаше објава во „Службен весник“ и се тоа е завршено. Имавме состаноци со претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза и многу сериозно, транспарентно, како со сите други проблеми и на тој проблем макотрпно работиме“, изјави Меџити. 




Според него, Центарот за цистична фиброза во детската болница Козле е празна просторија.


„Треба многу средства, обезбедуваме и за тоа размислуваме, изјави Меџити на Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања каде беше отворен Центар за менаџирање на дебелината. 


Меџити информира дека професорите и експертите до 20 јули ќе имаат точен број на пациентите кои ќе треба да се вклучат. Тој чека од стручната комисија точно да му кажат колкав број на пациенти треба да се вклучат во иднина и да се почитуваат јавни постапки, набавки за да може да се обезбеди за тие пациенти „трикафта.“


„Гарантирам дека проблемот ќе биде решен и таму ќе биде еден од најсовремените центри. Ќе има посебен оддел за деца и посебен оддел за возрасни, кои ќе се третираат таму. Има барање од Козле како секундарна здравствена институција да бидат терциерно здравство, значи како клиника. Ја разгледуваме можноста за да можат да бидат најадекватно третирани и Центарот да го има тоа ниво кое го заслужува“, изјави Меџити. 



На 5 јули, министерот и претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза одржаа средба во рамки на институцијата. Министерот за здравство и тогаш им вети дека за најмалку 42 пациенти со оваа болест ќе биде обезбеден лекот „трикафта“ до крајот на декември. 






Цистичната фиброза е генетска болест која ја имаат околу 130 луѓе во земјава. Тешко ги напаѓа белите дробови и панкреасот, и напредува како што минуваат годините. Затоа пациентите се млади, а нивниот животен век краток. Но, со лекот „трикафта“, кој моментално го добиваат 12 пациенти, се олеснува болеста и лицата со оваа болест може да функционираат без проблеми.





Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net