Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2023

Новоизбраните координатори за автопатите на Бехтел и Енка ќе земаат плати од над илјада евра

0
Професорката од Државниот универзитет во Тетово, Семијал Хасани Зибери е главниот координатор на проектот за изградба на коридорите 8 и 10Д кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“. Таа за ова ќе зема месечен надомест од 70 илјади денари, се вели во јавно достапната одлука на јавното претпријатие „Државни патишта“.


За координатор на единица за техничка изведба на проектот, за кое е предвиден надомест од 65 илјади денари, е ангажиран Рами Јусуфи. 


Според  јавно достапните информации професорката Хасани Зибери својата докторска со наслов „Сеизмичка повредливост на виталните објекти во полошкиот регион“ ја одбранила во 2020 година, а името Семијал Хасани се појавува и на веб страницата на Собранието како дел од составот на пратеници од ДУИ од 2002 до 2006 година.


Но, биографијата за пратеничката не е достапна за да се провери дали се работи за истата личност. Името на Рами Јусуфи пак на интернет се наоѓа како шеф на кабинет на АД „Пошта“ во 2019 година каде што долго време местото прв човек на оваа институција беше резервирано за кадар на ДУИ.



Изборот го изврши Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) на огласот кој беше објавен на 19 април и траеше до 25 април, а договорот е до 22 јануари 2028 година, односно до завршување на проектот.




Од ЈПДП известуваат дека вработени се само двајца од планираните четворица специјалисти за експропријација на имот предвидени со огласот. Ангажман добиле и еден преведувач, а наместо по двајца извршен е избор на по еден специјалист за следење и подготовка на проектна документација, еден административен работник и еден возач.


Не е извршен избор за позицијата известувач за проектот, специјалист за инвестиции и градба на патишта, како и специјалист за урбанистичко планска документација.



За спроведување на Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ со кој е предвидена изградба на четири автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10д, неодамна во Собранието беа изгласани измени на шест закони.


Договорот за изградба е таен, а според проценките на Владата изградбата на вкупна должина од околу 110 километри ќе чини 1,3 милијарди евра. 




Уште од самиот почеток овој проект го следат контроверзии. Прво се заобиколија закони и се донесе нов закон „во четири очи“ за таа цел. Имаше проблеми и со изборот на надзор. Првиот обид пропадна поради руска врска, а и вториот се поврзува со скандали со фирмите за надзор.



Официјално, почетокот на изградбата на Коридорот 8 беше означен на свечена церемонија на 4 април, додека „камен темелник“ на Коридорот 10 Д се постави на 12 мај. 





Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net