Американски војници повредени при хеликоптерска несреќа во Сирија
Централната команда на американската војска соопшти дека 10 војници се сместени во болници надвор од регионот.
Според соопштението не бил пријавен непријателски оган, но се истакнува дека причината за инцидентот е под истрага. Повеќе детали за истрагата не се откриваат.
Околу 900 припадници на американски персонал се распоредени во Сирија, повеќето од нив на исток, како дел од мисијата за борба против остатоците од Исламската држава.
