Приведен претседателот на црногорската општина Будва
Дел од локалните медиуми јавуваат дека приведувањата почнале утрово во 4 часот во Будва, Цетиње и Подгорица.
„Согласно наредба на Специјалното државно обвинителство, со поддршка и асистенција на Агенцијата за соработка и спроведување на законот на Европската Унија – ЕВРОПОЛ, Специјалниот полициски оддел, со логистичка и оперативна помош на Антитерористичката единица на полицијата, презема мерки и дејствија во рамки на истраги во два кривични предмети,“изјави државниот обвинител и портпарол Вукас Радоњиќ.
Тој додаде дека јавноста навремено ќе биде информирана за евентуалното лишување од слобода на одредени лица и за резултатите од мерките и акциите кои се во тек. Од кабинетот на претседателот на општина Будва соопштија дека Божовиќ не е уапсен, туку дека Обвинителството го повикало на сослушување
