Македонски државјанин уапсен во Хрватска, пренесувал 11 килограми марихуана
Полицијата соопшти дека вчера во Вараждин, работејќи на „сузбивање на злоупотребата на дрога“, решила да го провери идентитетот на непознат млад човек и да го прегледаат автомобилот што го користел со словенечки ознаки.
Против 21-годишникот се води кривична истрага поради сомнение за неовластено производство и тргување со дрога, како и недозволено држење, производство и набавка на оружје и распрскувачки материи, јавува хрватски Индекс.
