Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Декабрь
2022

Приватните превозници бараат Владата да и ги одземе ингеренциите на Арсовска

0
Кемал Муриќ од „Слобода превоз“ денеска побара од Владата да и ги одземе на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ингеренциите во делот за јавниот градски превоз.


„Преку одредени скопски градоначалници, приватно блиски со Данела Арсовска, се врши притисок врз дел од нашите колеги да се пријават на огласот. Сакам да известам дека сите превозници се едногласни да не учествуваат на тој оглас. Одлуката е донесена вчера“, изјави Муриќ.


Тој ги демантираше и тврдењата на Арсовска дека град Скопје нема долг кон приватните превозници и дека тие продавале билети, кои не ги пријавувале, а парите ги ставале во своите џебови.




Муриќ рече дека в.д. директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ го признал долгот, а и сметките покажуваат дека долг кон нив постои, нагласувајќи дека приватните превозници воопшто не продавале билети во своите автобуси.


Тој додаде дека е лага и тврдењето на Арсовска дека бројот на приватните превозници е 70-тина. Муриќ посочи и дека јавниот повик за приватните превозници се однесува само за две од вкупно 16-те линии што тие досега ги опслужуваа, како и дека не него можат да се пријават само преку фирма, но не и поединечно.


„На врвот на проблемот е Данела Арсовска, а веднаш до неа се секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров, директорот на Јавното сообраќајно претпријатие, Александар Стојковски, и човекот кој самиот се нарекува градоначалник во сенка, Драги Митковски, познат како Драги Книга, кој иако нема никаква официјална позиција, често е во ЈСП и на полутајни средби со директорот на ЈСП“, изјави Муриќ.




Тој додаде дека очекуваат на средба да ги прими премиерот Димитар Ковачевски. На прашањето дали ќе ги отстранат автобусите, тој рече дека ако има гаранции од страна на премиерот дека ќе се реши нивниот проблем, возилата веднаш ќе бидат тргнати.


Во втората половина на ноември престанаа да возат автобусите на „Слобода превоз“ со барање да им биде исплатен долгот кој им го должи Градот, преку ЈСП Скопје. Во моментов возат само автобусите на ЈСП. Договорот на приватните превозници Мак експрес и Слобода превоз е раскинат поради „неисполнување на обврските“.





Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net