Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2022

Словенците избираат претседател – Поранешниот шеф на дипломатијата или адвокатката која ја застапуваше Меланија Трамп

0
Словенците денеска, во вториот круг од претседателските избори, ќе избираат меѓу конзервативецот Анже Логар, поранешен шеф на дипломатијата, и независната центристичка адвокатка и бранителка на човековите права Наташа Пирц Мусар.


Повеќе од 3.000 избирачки места ќе бидат отворени до 19 часот. Право на глас имаат околу 1,7 милиони гласачи.


По затворањето на гласачките места, првите делумни резултати од гласањето ќе бидат познати околу 20 часот, кога ќе почнат да се објавуваат на посебна веб-страница на Државната изборна комисија.


В понеделник кон овие резултати ќе бидат додадени и резултатите од гласањето по пошта од Словенија, а на 21 ноември на резултатите ќе се додадат и ливчињата од странство.



Словенката ја пречекаа со словачко знаме, нашето го погодија


Конечните резултати официјално ќе бидат познати до 29 ноември, а новоизбраниот претседател ќе ја преземе функцијата на 23 декември, кога му истекува мандатот на актуелниот претседател Борут Пахор.


Логар, член на десничарската Словенечка демократска партија (СДС) на Јанез Јанша, доби најмногу гласови во првиот круг од изборите, 33,96 отсто, но анкетите покажуваат дека Пирц Мусар има многу поголеми шанси за победа во вториот круг.


За Пирц Мусар, која може да смета на поддршката од гласачите на владејачките партии од центарот и левицата, во првиот круг од изборите на 23 октомври гласаа 26,85 гласачи.


И Логар и Пирц Мусар се формално независни кандидати, иако поранешниот шеф на дипломатијата е долгогодишен член на партијата на Јанша. Многумина не го сметаат за независен кандидат токму поради ова.


Логар официјално не е кандидат на СДС, бидејќи во тој случај би имал многу помали шанси да ја добие поддршката од гласачите од центарот.

Пирц Мусар, 54-годишна адвокатка, специјализирана за заштита на лични податоци, која ја застапуваше и сопругата на поранешниот претседател на САД, Меланија Трамп, е позната и како застапник за правата на ЛГБТ популацијата. Работела 15 години во Советот на Европа како експерт за човекови права.


За време на кампањата, Пирц Мусар често беше на удар на критики поради обвинувањата дека нејзиниот сопруг се збогатил со користење на таканаречените „даночни раеви“.


Откако објави дека ќе учествува на изборите, Пирц Мусар ја поддржа поранешниот претседател на Словенија, Милан Кучан, кој сè уште има значително влијание во земјата.


И Логар и Пирц Мусар најавија дека доколку победат ќе посветат многу внимание на процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ.


Победникот на изборите ќе го наследи центристот Борут Пахор, чиј втор петгодишен претседателски мандат истекува во декември, а Уставот не му дозволува да се кандидира за трет.


Функцијата на претседателот на Словенија е главно церемонијална, но шефот на државата ужива авторитет бидејќи е директно избран од граѓаните. Претседателот на Словенија е врховен командант на вооружените сили и ги предлага судиите на Уставниот суд и гувернерите на Централната банка, додека политиката ја води владата.


Победникот на изборите ќе биде петтиот претседател на Словенија од прогласувањето на независноста во 1991 година. Оттогаш, шефови на државата беа Милан Кучан (1991-2002), Јанез Дрновшек (2002-2007), Данило Тирк (2007-2012) и Борут Пахор (2012-2022).





Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net