Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Сентябрь
2022

Вучиќ- Србија нема ниту индиректно, ниту директно да го признае Косово

0
Србија нема да го признае Косово, но реалната политика не може да се темели на митови, желбите на народот се максималистички, а можностите мали изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во српското Собрание. Денеска на дневен ред на посебна седница Вучиќ го презентираше „Извештајот за преговарачкиот процес со привремените институции на самоуправата во Приштина“, од 15 јуни 2021 до 1 септември 2022 година.


„Како некој што се заколнал во Уставот на Србија, сè додека можам да влијаам, Србија ниту индиректно, ниту директно нема да ја признае еднострано прогласената независност на Косово, ниту ќе се откаже од легитимната борба за државни и национални интереси и од борбата за почитување на меѓународното право“, изјави Вучиќ.


Шест заклучоци од самитот Брдо-Бриони


Како што истакна, „во претходниот период државната политика се водеше меѓу посакуваното и можното, со тоа што желбите на граѓаните се нереални и максималистички, а нашите можности се многу ограничени“.


Вучиќ рече дека вистинската политика не може да почива на фатаморгани и митови, а тоа значи дека сопствените митови мора да се прилагодат, разбирајќи ја нивната важност во создавањето на духот на целата нација и дека без нив тие нема да опстанат.


„Она што најмногу треба да го заштитиме се нашите луѓе на Косово“, нагласи тој и потсети дека позицијата на Србија е уште потешка поради големиот конфликт во Источна Европа.


„Хистеријата во меѓународната заедница се одразува на Србија и на нашите клучни државни интереси“, истакна Вучиќ.


Тој додаде дека „има зголемено присуство на специјалните сили на Приштина на северот на Косово и дека ќе зборува за „оружје и оклопни возила што ги допремуваат“. Тој додаде дека опасноста во Косово е блиска, објективна и сериозна и нагласи дека Србија не учествувала во создавањето на кризата дека и покрај се е подготвена за дијалог“.


Тој истакна дека во последните денови има јасни обиди за целосна промена на политичката арматура на преговорите за Косово. Вучиќ истакна дека од Србија ќе се бара да оди кон неформално признавање на независноста на Косово, кое ќе биде претставено како „подарок од небо“.


„И што и да кажеме, ќе имаме тешка ситуација. Не знам како ќе одолееме, а тој притисок ќе се зголеми“, посочи тој, наведувајќи дека има две причини за ова.


Првата причина е тоа што никој не сака да отвори нов конфликт на Западен Балкан, „а од друга страна, Западот има потреба да го исфрли од рацете на Путин аргументот за Косово“.


Вучиќ оцени дека суштинската причина за кризата во дијалогот Белград-Приштина произлегува од фактот што западниот свет не сака да ги почитува Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 во случајот со Србија, ниту пак се заинтересирани да ги почитуваат договорите постигнати во дијалогот.


Претседателот на Националното собрание Владимир Орлиќ изјави дека во рамки на Првата посебна седница за Косово отворено ќе се разговара два дена, а Вучиќ ќе одговара на пратенички прашања.





Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net