Зголемени водостоите на Преспанското и Охридското Езеро
Согласно резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на Преспанското и Охридското Езеро се пониски од повеќегодишниот просек за јуни и тоа за 1,86 метри кај Преспанското и за два сантиметра кај Охридското езеро. За разлика од нив нивото на Дојранското Езеро е за 2,6 метри повисоко од просечното.
Обилниот дожд ги поплави речиси сите улици низ Тетово
Водостоите, пак, на реките во земјава најчесто се пониски од просечните за овој период од годината и имаат благо зголемување или намалување во споредба со вчера. Исклучок е реката Сатеска на мерното место кај Ботун каде денешното ниво е двојно пониско од вчерашното.
Изминатите денови Македонија беше погодена од поројни дождови.
