Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Май
2022

Министерот Шаќири очекува наредната недела договор со СОНК

0
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири по денешната нова рунда преговори со делегација на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) изјави дека очекува на почетокот на наредната недела, односно понеделник или вторник да се постигне конечен договор.



„Во оваа фаза на процесот на преговори, во текот на 20-те дена, се отворија многу дискусии кои се однесуваат и на колективните договори, кои не се потпишани повеќе од десет години и мислам дека ќе има нов колективен договор во наредниот период и кога ќе имаме договор ќе имаме за што да продолжиме со разговори“, нагласи Шаќири.


На прашање дали ќе се изнајде решение за 18-процентно зголемување на платите на просветните работници како што бара СОНК, министерот рече дека се многу блиску за изнаоѓање решение за подобри услови.



„Не сакам да споменувам процент затоа што овој процес ќе биде подобар и наставниците ќе имаат подобри услови и после потпишување на гранските колективни договори. Сакам ова да е последен штрајк и прекин на наставата, што значи дека можеби во наредниот период ќе имаме потреба за други разговори, но прекин на настава да нема“, истакна Шаќири.



Неделков: Има позитивни сигнали за конечно решение


Претседателот на СОНК, Јаким Неделков изјави дека преговараат за сите прашања и генерално постигнале согласност за некои ставови во однос на колективните договори и што ќе има во нив, меѓутоа тие не се до крај прецизирани, а имале и свои предлози како и во кој процент да се зголемат платите.



„Не се надевам, туку мора веќе да завршиме идната недела, а јавноста ќе биде запознаена. Дали штрајкот ќе биде повторно активиран, тоа сепак ќе зависи од резултатите од преговорите, од препораките кои ќе ги напише посредувачот или помирувачот. Се е отворено, се уште не можам да ви дадам ветување за опција“, истакна Неделков.



Тој нагласи дека е разговарано за сите прашања и дека тоа е веќе напредок, додавајќи оти не постои прашање кое ад хок се отфрла и е неприфатливо за двете страни.



Барањата на СОНК се зголемување на платите за 18,5 отсто односно нивно усогласување со минималната плата која од март се зголеми на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места. Владата им понуди 12 отсто повисоки плати, што не беше прифатено од членството на СОНК, по што преговорите продолжија.





Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net