Засилени спасувачки акции на Филипините по тропската бура во која загинаа 56 луѓе
Во спасувачка акција по тропската бура која за време на викендот предизвика поплави и свлечишта е вклучена и војската. Денеска пристигна поголем број спасувачи со опрема за спасување.
Најмалку 28 загинати во поплави и свлечишта на Филипини
Градоначалникот на Бајбај Хосе Карлос Кари изјави дека подобрените временски услови помагаат во потрагата по исчезнатите. Во свлечиштата во селата околу Бајбај досега се пронајдени 47 тела. Девет лица се удавиле во поплавите во други места во земјата.
Повеќе од 17 илјади луѓе ги напуштија своите домови.
Тропската бура Меги, позната на Филипините под локалниот назив Агатон, е прва поголема тропска бура која годинава ја погоди оваа островска земја, која често е зафатена од природни катастрофи.
