Забрана за јавен превоз за невакцинираните во Италија
Италијанската влада ги заостри правилата за невакцинираните против коронавирус и истовремено ги ублажи мерките за карантин.
Од 10 јануари оние што не се вакцинирани нема да можат да е пријават за престој во хотели и конгресни центри, нема да може да користат локален и меѓународен превоз, ски лифтови, нема да може да учествуваат на фестивали, соопштија италијанските власти.
Новите правила ќе важат до 31 март, кога треба да заврши вонредната состојба.
Од денеска дополнителни антикорона мерки во цела Германија
Во Италија во последните неколку денови скокна бројот на заразени со ковид-19. Во последните 24 часа се регистрирани 126.888 новоинфицирани и 156 смртни случаи како последица на ковид-19.
Со владина одлука исто така е одлучено да нема превентивен карантин за луѓето кои се вакцинирани или прележале ковид доколку имаат близок контакт со лице кое е позитивно. Но, ова се однесува само за оние кои примиле трета доза на вакцина или за оние кои примиле втора доза пред не повеќе од четири месеци.
Во секој случај луѓето мора да носат заштитна маска ФФП2, 10 дена после контактот. Сите кои ќе пројават симптоми ќе мора да направат ПЦР тест или антиген тест.
Обврската за карантин од 10 дена останува за невакцинираните доколку биле во контакт со заразен или се заразиле.
Во болниците во земјата од последици од ковид-19 се лечат над 10 илјади луѓе, а на одделенијата за интензивна нега има уште 1226 луѓе.