Шентоп: Турција се надева дека ќе бидат отстранети пречките за евроинтегрирање на Македонија
Шентоп во говорот пред пратениците рече дека Турција им посветува значење на евроатлантските интеграции на Македонија и се надева на отстранување на пречките во оваа насока.
Тој зборуваше и за добрите билатерални односи. Пред пратениците тој соопшти дека континуирано ги охрабруваат претприемачите од Турција на најдобар можен начин да го искористат потенцијалот што го нуди Македонија. Вкупната вредност на инвестициите достигна сума од 1,3 милијарди долари, додека тие овозможуваат над 5.000 вработувања, рече претседателот на турското собрание.
Шефот на турскиот Парламент го осудува ФЕТО во Македонија
По церемонијата на свечен пречек со високи државни и воени почести пред законодавниот дом, Шентоп имаше средба со неговиот домаќин Талат Џафери и се потпиша во Книгата на впечатоци. Предвидена е и средба со претседателот Стево Пендаровски.
