Османи се сретна со Ескобар во Лондон
„Благодарност за силната поддршка од САД за започнување пристапни преговори со Европската унија. Остануваме посветени на понатамошното зајакнување на стратешкото партнерство и заедничките заложби за слобода, безбедност и демократски просперитет во регионот“, објави Османи на официјалната Фејсбук страница.
Ескобар: Работиме на што побрза евроинтеграција на Северна Македонија
Ескобар минатиот понеделник беше во официјална посета на земјава, при што изрази силна поддршка за брза евроинтеграција на Северна Македонија и истакна оти САД работат со европските партнери за да обезбедат тоа наскоро да се случи. Инаку Османи во Лондон учествуваше на состанокот на министри за надворешни работи од Западен Балкан.
