Двајца исчезнати по судир на товарни бродови јужно од Шведска
Брод од 55 метри, регистриран во Данска, се преврте меѓу данскиот остров Борнхолм и јужниот шведски град Истад, соопшти денеска Шведската поморска управа.
На бродот имало две лица кои се водат за исчезнати.
Другиот брод од несреќата е 90-метарски брод регистриран во Велика Британија. Бродот е во функција, а неговиот екипаж е безбеден.
Данскиот брод бил празен во моментот на судирот, а се уште е непознато што превезувал британскиот брод. Несреќата се случила ноќеска во 3:30 по локално време.
Причината за судирот е нејасна, но се шпекулира дека може да се должи на намалената видливост поради густата магла.
Според Данскиот метеоролошки институт, температурата на водата во областа е меѓу 4 и 6 степени целзиусови.
Голема спасувачка акција на грчката крајбрежна стража источно од Крит
Данската им помага на шведските власти во спасувачката операција во која се вклучени и цивилни бродови.
