Албанскиот претседател не го потпиша Буџетот
Според аргументите на претседателот на државата, 71 отсто од вработените во администрацијата не добиваат ниту минимално зголемување на платата.
На крајот на октомври албанскиот Парламент го изгласа буџетот за 2022 година во висина од 5,2 милиони евра, во кој се предвидува економски раст од 4,1 отсто и дефицит од околу 800 милиони евра.
Мета- Албанските институции повеќе да се грижат за заштитата од поплавите и снегот
Со буџетот, кого, Владата го опиша како буџет за закрепнување, меѓу другото се предвидува зголемување на платите на просветните и здравствените работници за шест проценти, на припадниците на Националната гарда за седум отсто, за припадниците на вооружените сили 30 проценти.
Минималната плата планирано е да се зголеми на 32.000 леки (262 евра), додека за пензиите ќе има само вредносен индекс на инфлацијата, а сите пензионери на крајот на годината ќе добијат бонус во износ од по 5.000 лека (40) евра.
