Османи - Трас: Западен Балкан е важен за стабилноста и напредокот на Европа
Двајцата министри разговарале и за билатералната соработка. Двајцата соговорници констатирале дека Западниот Балкан има важна улога за севкупната стабилност и напредок на Европа, а интеграција на регионот во Европската унија претставува взаемен геостратешки интерес од политички, безбедносен и економски аспект.
Османи во Лондон на состанок на министрите за надворешни работи од Западен Балкан
„Соговорниците се согласија дека е неопходен е засилен ангажман и присуство во регионот на Обединетото Кралство, САД и Европската унија што ќе придонесе кон остварување на заедничката цел – стабилен и просперитетен Регион. Европската и евроатланската перспектива остануваат главна движечка сила за трансформација на сите земји од Регионот во демократски и економско развиени општества и во таа насока отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со Европската унија позитивно на стабилноста и долгорочниот развој на целиот континент“, се наведува во соопштението на македонското МНР.
Османи на маргините на министерскиот состанок во Лондон се сретна и со други функционери од ЕУ, САД и Британија.
