Војската во Судан се согласила да го врати соборениот премиер
Според договорот, Хамдок ќе води „технократска“ влада, рече Насир, додавајќи дека декларацијата за договорот ќе биде објавена подоцна во текот на денот.
Активистичките групи повикуваат војската целосно да се повлече од политиката. Хамдок е во домашен притвор од пучот, што се сметаше за пречка за транзицијата на Судан кон демократија по смената на автократскиот лидер Омар ал-Башир во 2019 година.
