Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2021

Бочварски бара Град Скопје да не се откаже од брзиот автобуски превоз

0
Верувам дека Градот Скопје и новата локална власт ќе ја променат одлуката за запирање на проектот за брз автобуски превоз после сознанијата кои ќе ги добијат за бенефитите од воведувањето на ваквиот превоз во Скопје, порача министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.


„Ова е проект кој е планиран неколку години и согласно одлуките во Град Скопје е поднесено барање во Владата за изнаоѓање средства за финансиска поддршка за што се завршени постапките и се обезбедени средства, а и во Собранието е поминато и одобрено задолжувањето со кредит од 70 милиони евра преку ЕБРД. Проектот е одлично оценет од меѓународните експерти дека со него се решава едно големо прашање. Затоа е добро да не се брза со таквите одлуки зашто носи многу бенефити, а и не видовме аргументи од другата страна зошто се запира проектот за брз автобуски превоз“, рече Бочварски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.



5 поенти за „Трамвај на тркала“


Според него, доколку се донесе таква одлука, таа треба да биде поткрепена врз база на студии, анализи и експертски сознанија зашто сметаме дека Скопје го има надживеано традиционалниот сообраќај и му е потребен алтернативен транспорт за кој веќе се обезбедени средства и е распишана постапка за проектирање и градба.


Тој информира дека буџетот на министерството за 2022 година е позициониран на ниво од 11,865 милијарди денари, од кои 10,885 милијарди денари се наменети за реализација на капитални проекти. Со него се предвидуваат инвестиции во делот на патната мрежа, железницата, гасификацијата и комуналната инфраструктура. Дури 91,7  отсто од средствата се наменети за капитални проекти, информира Бочварски.


„Капитален проект на кој ќе посветиме големо внимание е изградба на железницата кон Бугарија. Силен фокус даваме на доизградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10 д, а изградбата на магистралните гасоводи остануваат приоритет и за следната година. За поквалитетен живот на граѓаните продолжуваме со изградба на канализации и водоводи во општините“, рече Бочварски.


Тој додаде дека експропријацијата на првата фаза од автопатската делница Скопје- Блаце е целосно завршена, градбата, како што рече, се одвива со добра динамика и очекува наредната година да биде готова.

 





Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net