ДИК ги одби приговорите од Алијанса за Албанците и Алтернатива за изборите во Дебар
Државната изборна комисија (ДИК) ги одби како несоновани доставените приговори од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива поради тоа што не биле поткрепени со соодветни факти и докази за наводите. ДИК одлучуваше по поднесени приговори од подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето за општина Дебар.
По однос на приговорот во кој беше наведено дека во неколку избирачки места е направено кршење на постапката на предавање на доверливиот изборен материјал, на начин што вреќите во кои се ставани гласачките ливчиња не биле пломбирани со сигурносна лента од страна на Избирачките одбори, приговорот е одбиен бидејќи, како што посочува ДИК – „иако е утврдена таквата фактичката состојба, станува збор за формален пропуст, затоа што наводот се однесува за постапката при транспорт на изборниот материјал, односно наводите не се однесуваат конкретно по постапката за гласање или за сумирање и утврдување на резултатите, по кои немаат никаква забелешка членовите на избирачкиот одбор ниту, пак, овластените претставници“.
ДУИ и СДСМ ја слават победата на Дука во Дебар
Инаку во вториот круг од локалните избори кои се одржаа во Дебар минатата недела кандидатот за градоначалник од ДУИ, поддржан од СДСМ и коалицијата, Хекуран Дука го кандидатот Беким Поцеста од Алијанса за Албанците/Алтернатива, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ