Фумио Кишида на пат до премиерската фотелја
Фумио Кишида победи во трката да ја предводи јапонската владејачка Либерално -демократска партија (ЛДП), што пак му обезбеди водство за позицијата премиер.
Кишида ќе го наследи Јошихиде Сугу, кој одлучи да поднесе оставка по само една година на власт. Неговата прва мисија како премиер ќе биде да ја доведе ЛДП до победа на претстојните општи избори.
Популарноста на партијата опадна откако беше домаќин на Олимпијадата во Токио и покрај противењето на јавноста. Кишида, поранешен министер за надворешни работи, ја победи Тара Кона, која се сметаше за најпопулариот кандидат.
Со оглед на мнозинството на ЛДП во парламентот, позицијата на Кишида како премиер е речиси загарантирана. Тој беше победен од Суга на минатогодишните избори.
Невообичаени Олимписки игри во Токио
Јапонија планира да ги укине антиковид мерките
Новиот премиер се соочува со голем број тешки прашања, вклучително и закрепнување од пост-пандемската економија и соочување со закани од Северна Кореја. Тој повика на формирање „Агенција за управување со здравствени кризи“ за справување со пандемијата и ја поддржа идејата за донесување резолуција со која се осудува третманот на Кина кон ујгурското малцинство.
„Мојата вештина е навистина да ги слушам луѓето“, рече Кишида откако ја обезбеди својата победа. „Решен сум да вложам напори со сите во создавањето отворена ЛДП и светла иднина за Јапонија.
Суга одлучи да се повлече од премиерската функција по една година на власт поради падот на рејтингот на анкетите предизвикан од кризата со корона вирусот.