Триесет починати, 572 заразени со ковид 19
Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 30 лица. Од пријавените, 27 починале во болнички, а останатите 3 лица во домашни услови.
Во последните 24 часа направени се 4511 тестови, а потврдени 572 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 287 случаи во Скопје, Куманово – 58, Кавадарци – 24, Тетово и Кичево – по 21, Велес – 19, Гостивар – 15, Прилеп – 14, Битола, Кочани и Радовиш – по 11, Струмица – 10 и по 9 случаи во Охрид и Струга.
Гостиварци и преку прозор влегувале во ковид болница на посета
Потоа, регистрирани се по 8 случаи на Ковид-19 во Штип и Свети Николе, Гевгелија – 7, Неготино, Берово и Валандово – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Виница и Кратово – по 2 и по 1 во Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица.
Во изминатото деноноќие евидентирани сe 694 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184.277 бројката на оздравени пациенти е 165.077, на починати е 6.307, а бројот на активни случаи изнесува 12.893