Меркел: Црна Гора е лидер во европските интеграции
Црна Гора е најнапредната земја кандидат за членство во Европската унија (ЕУ), изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел, по работниот ручек со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ во Тирана.
„Меркел особено посочи дека Црна Гора е најнапредната земја–кандидат за членство во ЕУ, нагласувајќи ја важноста на идејата за заеднички регионален економски пазар, кој, според неа, може да биде од корист за сите земји од Западен Балкан, соопшти црногорската Влада.
Меркел во Тирана ќе се сретне со лидерите од Западен Балкан
Меркел - Иднината на Западен Балкан е во обединета Европа
Кривокапиќ и се заблагодарил на Меркел за признанието што и го дала на Црна Гора и признавањето на реформскиот и европскиот курс на новата Влада.
Од црногорската Влада додаваат дека на работниот ручек е нагласена потребата за продолжување на работата во рамките на Берлинскиот процес во наредните години, како една од најважните дипломатски иницијативи од 2014 година, насочена кон проширување на ЕУ.
„Во таа смисла, беше изразен стремежот дека сите земји од Западен Балкан вредно работат на процесите на внатрешни реформи, со цел процесот на интеграција во ЕУ да тече побрзо и поинтензивно“, се вели меѓудругото во соопштението.