САД подготвуваат нови санкции за Русија поради Навални
Навални беше уапсен кога се врати во Русија од Германија каде што беше на лекување по речиси фаталното труење со нервен гас. Тој го обвини рускиот претседател Владимир Путин за нападот, обвинување кое Кремљ го негираше.
Заврши средбата Бајден - Путин, разговарано за нуклеарна и сајбер-безбедност
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека на минатонеделниот самит му кажал на Путин дека ќе продолжи да го отвора прашањето за почитувањето на човековите права, вклучително и апсењето на Навални. Администрацијата на Бајден воспостави санкции во март за руски официјални лица откако американските разузнавачки служби заклучија дека лица од Рускиот федерален безбедносен сервис се зад труењето на Навални.
